Во БиХ почнува воената вежба „Еуфор брз одговор 2022″

еуфор војна вежба, фото МИА

Над 250 војници од 20 земји пристигнаа во пристаништето Плоче, и ќе учествуваат на воената вежба што ќе почне денеска низ цела Босна и Херцеговина.

Вежбата ќе трае до 22 ноември.

Катарина Смит Барет, портпаролка на Еуфор, објави дека повеќе од 250 војници пристигнале во пристаништето Плоче со воени возила и опрема и најави дека наскоро ќе пристигне брод со друга група војници и опрема од Италија.

Военатa вежба „Еуфор брз одговор 2022″ ќе се изведува на различни урбани и рурални локации низ Босна и Херцеговина.

Како и претходните години, тие дополнителни војници ќе учествуваат во тактички вежби и патроли и привремено ќе ја зголемат бројната состојба на Еуфор, изјави портпаролката на оваа воена мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот