Во Белененсеш 13 играчи заразени со сојот омикрон на ковид-19

Фудбалерите на Белененсеш имаа само девет играчи на располагање на мечот против Бенфика/Лисабон, Португалија/27 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Здравствените власти на Португалија соопштија дека е откриена варијанта на омикрон на ковид-19 кај 13 фудбалери и стручниот штаб на прволигашкиот клуб Белененсеш, откако еден од играчите се вратил од Јужна Африка.

Сојот омикрон беше откриен по првенствениот натпревар во Португалија помеѓу Белененсеш и Бенфика во саботата. Белененсеш натпреварот го започна со девет играчи, а остатокот од тимот беше во изолација. По полувремето само седум фудбалери се вратија на теренот и мечот официјално беше прекинат по две минути во продолжението при водство на Бенфика од 7:0.

– Сите сме во изолација, освен младата екипа која не играше во саботата. Вкупно 44 лица се во карантин. Двајца или тројца играчи и исто толку членови на стручниот штаб имаат благи симптоми. Сега чекаме да се повтори тестот штом здравствените власти го одобрат – рече портпаролот на португалскиот клуб.

Уште во саботата, претседателите на Бенфика и Белененсеп на прес-конференција изјавија дека мора да одиграат натпревар во спротивно ќе ризикуваат казна за неоправдано отсуство. Тие ги обвинија лигата и здравствените власти кои не дозволиле да се одложи натпреварот.

Така, индикативно се загрозени кај фудбалерите на Бенфика кои играа против Белененсеш, бидејќи никогаш со сигурност не може да се утврди дали тој е асимптоматски на коронавирусот.

Нов блам во Португалија: Десеткуваниот Белененсеш ќе биде казнет по прекинот на мечот во Бенфика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот