Во Арачиново и во Слупчане ЕВН не може да влезе ни да поправи мрежа

Фото: ТВ21/принтскрин

Драма се случува деновиве во две села во кои екипите на ЕВН не успеваат да влезат ниту да ја поправат електричната мрежата, затоа што на некои од селаните тоа не им одговара. Станува збор за скопско Арачиново и за кумановско Слупчане. Од ЕВН ги потврдија настаните и информираа дека ја известиле полицијата.

Во Арачиново, ЕВН се обидувале 6 дена да почнат со работа, но како што известуваат медиумите, тројца арачиновци ги попречувале поправките, а 160 соседи останале без струја.
ТВ „Алсат“ пак извести дека вчера екипите на ЕВН добиле закани по живот во кумановското село Слупчане при обид за започнување со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата. Толпа од 200 селани на организиран начин го блокирале влезот на селото и не им дозволувале на екипите на ЕВН да работат.

Од ЕВН велат дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

– Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на континуирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа – информираат од ЕВН.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 гигават-часови. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20 проценти од фактурираната енергија се наплаќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот