Во Албанија 13 затвореници позитивни на Ковид – 19

Затвореник од италија, осуден за недозволена трговија со дрога, бил првиот случај позитивен на Ковид во затворот „313“ регистриран пред два дена.

Според последниот 24 часовен статистички пресек во Албанија регистрирани се нови 29 случаи со Ковид-19. Од нив 13 се затвореници од затворот „313″, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

Пред два дена во споменатиот затвор, кој се смета за еден од најбезбедните во земјата, бил потврден првиот случај.

Затвореникот бил италијански државјанин осуден за недозволена трговија со дрога.

До сега во земјата направени се 6.509 тестови при што регистрирани се 663 позитивни лица.

Битката со вирусот ја загубиле 27 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот