Во Африка 14.528 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус

Од епидемијата со новиот коронавирус погодени се 52 од вкупно 54 африкански држави.

Во Африка 14.528 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус

Преторија, 13 април 2020 (МИА) – Бројот на инфицирани лица од Ковид-19 во Африка се искачи на 14.528, од кои 788 луѓе починаа, а 2.570 се излекувани, соопшти денеска Африканска Унија.

Од епидемијата со новиот коронавирус погодени се 52 од вкупно 54 африкански држави. Само во Лесото и Комори нема регистирано ниту еден случај со Ковид-19.

Најголем број на пациенти се регистрирани во северниот дел на Африка – 6.379 заразени, од кои 603 починале.

во Египет има 2.065 заразени и 159 смртни случаи, во Алжир – 1.914 инфицирани од кои 293 починале, додека во Мароко се заразени 1.661 лице, од кои 118 смртни случаи.

Во Јужноафриканса Република има најголем број на заразени и починати во јужниот дел од континентот односно 2.137 инфицирани и 25 починати.

Во западниот дел на Африка има 3.361 заразени и 84 смртни случаи, во источна Африка – 1.217 инфицирани и 28 смртни случаи, додека во централна Африка има 1.246 заразени и 38 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот