Внимавајте: Лaжен профил со името на Елизабета Пендаровска дели по 5000 евра на 100 граѓани

Под името Елизабета Пендаровска, на социјалните мрежи се ширеше фотографија од сопругата на македонскиот претседател, која наводно ќе подели донации од 5000 евра на сто граѓани / Фото: Скриншот, Фејсбук

Преку лажни профили и Фејсбук страници, непознати лица организираат непостоечки наградни игри во кои корисниците треба да искоментираат одредени нешта, за да можат да учествуваат.

Меѓу другото, овојпат е злоупотребено и името на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска. Од лажен профил под името Елизабета Пендаровска, на социјалните мрежи се ширеше фотографија од сопругата на македонскиот претседател, која наводно ќе подели донации од 5000 евра на сто граѓани.

Исто така, забележана е и злоупотреба на банката Шпаркасе и на ДМ дрогериите, а овие лажни страници за само неколку часа веќе имаат илјадници следбеници чии објави се споделувани и коментирани до загрижувачки степен.