ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев е елементарна непогода за македонската економија

Фото: МИА

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија. Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Погрешните економски политики, но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава. Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите.

Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7 милиони евра странски инвеститори, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија.

Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има 2.500 помалку.

Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.

СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит.

Граѓаните наместо да стануваат побогати власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта.

СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат. Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот