ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Мијалков за два месеци ќе биде на слобода, тоа ли е договорот со Заев?

Зоран Заев не спроведува правда. Зоран Заев се пазари. Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков?

Откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго.

Договорот кој требаше да значи бегство сега е заменет со договор за слобода за два месеци?

Дали Заев мисли дека граѓаните ќе му ја проголтаат оваа лага? Привидниот мир кој сега го купува ќе дојде за плаќање за два месеци, а што тогаш? Со Заев не е можна правда. Со Заев имаме само неправда.

Ќе има смена на Заев, а тогаш ќе дојде правда за сите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот