ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски прифаќа лидерска средба, но бара да се разговара и за други прашања

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: МИА

Кога станува збор за националните и државни интереси, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

„Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека во наредните десет дена ќе го покани Мицкоски на средба.

„Јас планирам и да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде коишто јас ќе ги предложам како теми, првата тема ќе биде како домаќин, нормално како претседател на Влада, носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски кој денеска беше во скопскиот Клинички центар.

Ковачевски: Ќе го поканам Мицкоски на средба, од понеделник Владата ќе ја разгледува иницијативата за уставни измени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот