ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио

Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозаболени и 14 нови починати, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица, велат од опозицијата.

-Оваа дека подготвени ќе го дочекаат вториот есенски бран, а гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал  е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично- наведуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите им се виновни, велат оттаму, што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие.

-За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност. Сето тоа покажува колку мафијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат епидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот