ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се срами од Заев, народот бара негово извинување

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот во заминување, Зоран Заев, е човекот од кој Македонија се срами. Неговата политика на свиткана кичма и пазарење со националните интереси е поразена. Осамен е и исплашен, бидејќи му е јасно дека и неговите сопартијци и сите граѓани ја прочитаа неговата погубна политика и се погласно се спротивставуваат, велат од опозицијата.

-Никој во Македонија нема да му дозволи на Заев, за своите лични интереси и задржување на фотељата да тргува со идентитетот, македонскиот јазик и народ, со историјата. Тој го погази достоинството на Македонците и тоа не само на овие што се денес живи, туку и на илјадниците кои ги положиле животите за Македонија. Со кое право ја негира антифашистичката борба, со кое право ја негира македонската борба во илинденскиот период?- запрашуваат оттаму.

Затоа одговорот на народот е жесток и затоа стравот на премиерот во заминување, Зоран Заев, е голем.

-Народот од него бара прво извинување за навредите кон Македонија, кон народот и историјата, а потоа и оставка. Оставка на Заев, слобода за народот. Заев или Македонија- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот