Властите во Софија потврдија за групата за шпионажа во корист на Русија

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во Бугарија за првпат е откриена група за шпионажа која пренесувала класифицирани информации на Русија. Подготвивме материјал во кој се собрани многу малку докази, нагласи на вонреден брифинг портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева.

Според јавниот обвинител, случајот е неспоредлив во поновата историја од 1944 година. Тој им се заблагодари на Државната агенција за национална безбедност и на Военото разузнавање за откривање на групата.

Водач на групата е поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба кој завршил воено образование во Бугарија и странство, како и разузнавачко училиште во Москва, познато како ГРУ.

– Негова задача била да постави разузнавачка шема, изјави портпаролот на главниот обвинител.

Вчера полицијата претресе разни локации во Софија. Заради операцијата, попладнето имаше зголемено присуство на полицијата на излезите од главниот град на Бугарија, јавија бугарски медиуми.

– Групата извршила сериозни злосторства со предумисла против Републиката, рече Сијка Милева.

Таа додаде дека поранешниот воен разузнавачки кадар воспоставил нелегална разузнавачка мрежа во која била и неговата сопруга, која има бугарско и руско државјанство. Таа дејствувала како посредник, пренесувајќи информации и пари на руската амбасада. Останатите пет членови на групата се воени лица и имаат високи функции и беа приведени вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот