Властите се извинија за несреќата во Сеул

Сеул стампедо жртви/ Фото EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејскиот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин денеска се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата.

– Би сакал искрено да ѝ се извинам на јавноста за несреќата, како министер задолжен за безбедноста на луѓето, рече министерот во парламентот по што ја наведна главата пред пратениците, пренесе Бета.

Претходно, шефот на јужнокорејската полиција изјави дека одговорот на безбедносните сили бил „недоволен”, бидејќи добиле неколку известувања за непосредна опасност пред несреќата во Сеул.

Полицијата уште пред несреќата знаела дека се собрале голем број луѓе и оти има голем метеж, а тоа требало да биде итен сигнал за можна опасност, изјави началникот на националната полиција Јун Хи Кеун и додаде дека начинот на кој биле обработени информациите бил недоволен.

Најмалку 156 лица, главно млади луѓе, загинаа, а десетици беа повредени во стампедо во саботата вечерта во популарна населба во Сеул.

Локалните медиуми тогаш јавија дека околу 100.000 луѓе се движеле во тој дел на Сеул и тоа беше најголемиот собир од укинувањето на рестрикциите воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Медиумите додаваат дека полицијата во тој дел од градот распоредила 137 свои припадници, додека за друг собир во Сеул на кој присуствувале околу 25.000 луѓе биле мобилизирани 6.500 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот