ВЛАДАТА СО ОСУДА: Неприфатливи и недозволиви се нападите врз новинари – Слободен печат
ВестиМакедонија

ВЛАДАТА СО ОСУДА: Неприфатливи и недозволиви се нападите врз новинари

Oд Владата апелираат надлежните институции како и граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

Владата денеска преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оцени како неприфатливи и недозволиви.

-Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите, се наведува во соопштението.

Воедно, од Владата апелираат надлежните институции како и граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

-Во оваа прилика, покрај она што го прави Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, уште еднаш апелираме и сите останати засегнати, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници. Владата на Северна Македонија, како и досега, ќе се залага сите регистрирани попречувања на работата и напади врз новинарите и медиумските работници да бидат институционално расчистени- стои во соопштението.

Како што соопшти МВР, новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ ноќеска биле нападнати од група лица на возраст од околу 20 години во близина на угостителски објек на ул. „Есперанто” во Скопје.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close