Владата ќе ја одржи редовната 99. седница

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 99. седница, на чиј дневен ред со повеќе точки од интерес на граѓаните, меѓу кои и носењето повеќе одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест ковид-19.

На седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани заклучоците и препораките од четириесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19, одржан на 16 август 2021 година и ќе бидат донесени соодветни одлуки за заштита на колективното здравје на населението од заразната болест ковид-19.

Согласно Дневниот ред, на седницата ќе се дискутира и за неколку предлог-закони меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, како и повеќе информации за спроведени и планирани активности на министерствата и органи во состав.

За донесените одлуки и заклучоци, владината прес-служба ќе информира преку соопштение по завршување на Владината седница.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот