Владата ќе потпише меморандум за одбранбена соработка со САД – Слободен печат
ВестиМакедонија

Владата ќе потпише меморандум за одбранбена соработка со САД

Меморандумот ќе го потпише вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информација за потребата од потпишување на меморандум за разбирање во областа на одбранбената соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави”.

Во име на Владата меморандумот ќе го потпише вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, соопшти владината прес-служба.

На седницата е усвоена и Информација за плановите за учество на држвава во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата добиле задолжение да спроведат консултации и да почнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија, а со придонесот да се почне до крајот на годинава, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close