Владата ја усвои информацијата за дигитално поврзување на Западен Балкан

Влада на Република Северна Македонија
Влада на Република Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Владата на Република Северна Македонија на денешната 110. седница, одржана преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за извршени преговори за слободен проток на податоци и за интероперативен Западен Балкан за дигитална интеграција во регионот.

За таа цел, како што информираат од владината прес-служба, Владата ги прифатила и усогласените текстови на изјавите за слободен проток на податоци и за интероперабилност за да започнат заеднички активности и иницијативи кон зајакнување на регионална соработка со дигиталната интеграција на безбеден и сигурен начин.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот