Владата ги утврди проектите кои се поставени како приоритет за полошкиот регион

Инфраструктурните проекти во патната мрежа, во образовните институции, како и проектите за водоснабдување, канализационите системи и депониите за обработка на отпадот, се дел од приоритетите на полошкиот регион кои беа утврдени на вечерашната седница на Владата која се оддржа во Тетово.

Премиерот Зоран Заев соопшти дека е завршена изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово со што градот сега се снабдува со квалитетна вода.

„Заврши и рехабилитацијата на регионален пат Тетово-Попова Шапка во должина од 18,2 километри, инвестиција вредна 1,7 милиони евра и се подобри пристапноста до скијачкиот центар Попова Шапка за сите посетители. Го рехабилитираме регионален пат Гостивар-Колари-Кичево и извршивме реконструкција на 5 мостови на оваа делница, и на патот до Охрид ја подобруваме безбедноста на сообраќајот за сите возачи. Со изградбата на водоснабдителниот систем на Општина Желино, создадовме услови за поврзување на 18 населени места во општината“, стои во соопштението на владината прес служба.

Прочитајте и...  Заев: Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него (ВИДЕО)

Соопштено е и дека Министерството за труд и социјална политика отвора канцеларии во 7 населени места во Полошкиот регион.  Вакви канцеларии се отвораат во: Боговиње, Брвеница, Гостивар, Јегуновце, Теарце и Желино.

Преку проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и ЕК, одобрена е техничката документација на Општина Тетово за набавка на автобуси.

Во март 2019 завршена е изградбата на ново училиште во село Гургурница, Општина Брвеница.

Министерството за финансии склучи договор за заем со Општина Тетово за „Изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато“ во Тетово во рамки на МСИП проектот.

Преку ИПА грант, министерството за финансии наменило средства за набавка и инсталација на фотоволтаични системи во јавни општински објекти. Во Општина Тетово беа инсталирани фотоволтаични системи со вкупна моќност од 45kW на Филтер станицата за водноснабдителен систем, на Општинското основно училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во село Порој Средното училиште“7-ми Март“ во Тетово.

Прочитајте и...  Ново жариште во Италија: Се вратил од Косово и место да седи во самоизолација, правел забава

Со средства од Програмата за подобрување на општински услуги се финансира изградба на две филтер станици во село Неготино и с ело Добри дол во вкупна вредност од 31,1 милион денари за снабдување на квалитетна вода за 5223 лица од Добри Дол, 1383 од Топлица и 3673 од Неготино.

Преку програмите на Министерството за култура е поддржано формирањето на новата национална установа-Гостиварски театар. Во тек се првите вработувања, а колку што сум информиран се работи и на првата премиера.

Во завршна фаза е карабината на нов објект во Тетово „Културно-образовен центар“ со нов театар и библиотека, а пред една недела беше положен камен-темелник за изградба на дом на култура во село Камењане во Општина Боговиње, информираат од владината прес служба.

Прочитајте и...  Јанушев повторно со закани: Абе таа Даниела и тој Ратко, жими се, слушај ми го зборот, ќе ги убијам

Прочитај повеќе

Заев од Кавадарци: Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници до 10 отсто

Слободен печат

РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАБОЛЕНИ: Флорида потврди 11.458 новозаразени со коронавирусот

Слободен печат

Николоски: Референдумска излезност на 15 јули за обнова на Македонија

Слободен печат

Прва жртва од коронавирус во Малешевијата

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Стапија во сила новите уставни амандмани во Русија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

Слободен печат

Богојески од Крушево: Очекувам сите крушевчани без разлика на нивната политичка припадност да гласаат за Македонски концепт

Слободен печат

Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл, две жени повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Јанушев од Петровец: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за 25 отсто, пензиите за 20, а ќе ја намали невработеноста под 10 отсто

Слободен печат

Земјотрес од 5,5 степени го погоди Таџикистан

Слободен печат

Ахмети: И ние сме граѓани на оваа држава, зошто да не инсистираме на премиер Албанец?

Слободен печат