Владата денеска ќе ја одржи 38-та седница

Владата денеска преку видео-конференциска врска ќе ја одржи 38-ма седница, на која, меѓу другото, на разгледување и усвојување ќе биде ставена Предлог-програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година.

– На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ќе ја разгледа Предлог – Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година, соопштија од владината прес-служба.

Оттаму посочуваат дека Министерство за труд и социјална политика за дневниот ред на оваа седница ги предложила Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.

– На денешната седница на Владата е и точката Предлог-годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2021 година, како и Бизнис планот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје за 2021 година со Инвестициона програма, наведоа од владината прес-служба.

Владата денеска ќе расправа и по Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и за Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година со финансиски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот