Влада: Активно работиме на изнаоѓање решение за ФИНКИ

Влада на РСМ/ Фото: МИА

По денешниот протест на ФИНКИ од Владата велат дека биле во потрага по трајно решение за проблемот.

Владината прес-служба информираше дека биле во континуирана комуникација со раководството на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и во тек се активности за изнаоѓање времено решение во врска со обезбедувањето соодветен простор за спроведување на наставата на Факултетот, како и реализација на трајното решение.

„Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање.Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, согласно владин заклучок“ – информираа од  Владата.

Владата информираше дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата- изведувач на градежните работи.

Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот за информатички науки и компијутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот