Вистинската приказна за велигденските скапоцени јајца Фаберже

Фото: Graham Mulrooney / Alamy / Alamy / Profimedia

Сè започнало кога царот Александар Трети во 1885 посакал на царицата Марија Фјодоровна за Велигден да ѝ подари посебен уметнички предмет. На царицата толку ѝ се допаднал подарокот што царот продолжил со подарување скапоцени јајца, секој иден Велигден.

Велигденските јајца Фаберже како уметнички предмети и денес воодушевуваат и предизвикуваат внимание. Последниве години станаа објекти по кои лудуваат руските тајкуни, кои не прашуваат за цена и на аукциите достигнуваат милионски суми.

А сè започнало кога царот Александар Трети во 1885. посакал на царицата Марија Фјодоровна за Велигден да ѝ подари посебен уметнички предмет. На царицата толку ѝ се допаднал подарокот што царот продолжил со подарување скапоцени јајца, секој иден Велигден, а оваа традиција ја продолжил и неговиот наследник, последниот руски цар, Николај II Романов. Младиот цар бил растргнат меѓу својата сопруга – царицата Александра Фјодоровна, и мајка му Марија Фјодоровна, која не го одобрувала овој брак, па царот почнал да нарачува за Велигден по две јајца, едно за мајката, друго за жената.

Фото: Keystone Pictures USA / Zuma Press / Profimedia

Изгледот на јајце, а особено посебниот подарок што го криел во себе, биле чувани како најголема тајна. Дизајнот на царски јајца бил инспириран од уметничките дела, кои Фаберже ги наоѓал во своите посети на Ермитаж, дел од јајцата претставуваат и историја на царското семејство.

За основа на јајцето се употребувал камен: јаспис, ахат, кварц, лапис лазули и нефрит. Техниката со која се работеле, делумно провиден емајл, била исклучително почитувана во 19 век и барала по неколку слоја емајл, посебно печени.

Бидејќи во тоа време се употребувале само неколку бои, Фаберже одлучил да експериментира и на крај достигнал 140 различни нијанси.

Најпрочуен бил емајлот во боја на острига, чиј колорит зависел од светлото под кое се гледа. Од материјалите за украсување користел злато, сребро, бакар, никл и паладијум, а готовите јајца на крајот се украсувани со камчиња – сафир, рубин, смарагд и дијаманти. Покрај царските јајца, 12 парчиња од вкупниот број, биле направени и за сибирскиот сопственик на рудник на злато, Александар Келх. Меѓу првите нешта што емигрантите по револуцијата ги продале на странските антиквари се нашле и шест јајца од Келховата колекција. Од вкупниот број јајца, лоцирани се 44.

Фото: Yuriy Somov / Sputnik / Profimedia

Едно од последните пронајдени јајца е таканареченото Ротшилдово јајце, кое во 2007 година е продадено во лондонскиот „Кристис“ на рускиот колекционер Александар Иванов за околу 18 милиони долари. Ова јајце, со розова боја, со часовник, кое во себе крие брилијантно петле што кукурика до самата аукција никогаш не ја напуштило куќата Ротшилд.

Руската револуција донела и крај на јувелирската куќа Фаберже, на која во 1918 имотот и го национализирале.

Фото: STAN HONDA / AFP / Profimedia

Карл Фаберже го напуштил Петроград и со последниот дипломатски воз заминал за Рига, а оттаму за Хамбург, а на крај да се сместил во Визбаден. Бољшевиците ги уапсиле синовите Агатон и Александар. Фабержеовата сопруга и најстариот син Ежен успевале да пребегнат скриени во возило што превезувало дрва.

Карл Фаберже, веќе сериозно разболен поминал во Лозана. Сопругата и синот Ежен му се придружиле во 1920, но тој набрзо на 24 септември истата година умрел. Синовите Александар и Агатон до 1927 година успеале да побегнат од затвор и со своите семејства да се преселат во Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот