Висок функционер во српскиот Парламент пронајден мртов во неговиот дом

Фото: Парламент на Србија

Заменик-генералниот секретар на Парламентот на Србија, Бранко Маринковиќ, е пронајден мртов денеска во својот дом во Белград, јавуваат српските медиуми.

Неговото безживотно тело го пронашла сопругата околу 16 часот. Бил направен и обид за реанимација на Маринковиќ, но тој бил без успех. Засега не се открива причината за смртта.

Бранко Маринковиќ на функцијата заменик-генерален секретар дојде пред една година, на 24 октомври лани.

Тој бил истакнат правник кој зборувал неколку јазици, а извршувал високи парламентарни функции десетина години.

По повод смртта на Маринковиќ, телеграма со сочувство до неговото семејство испрати претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот