Винисиус удрил член на обезбедувањето, Рудигер и Чуамени скршиле камери, фудбалерите на Реал Мадрид беснееле и во микс-зоната

Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Бурни се реакциите во шпанската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој заврши без победник 2:2. Контроверзниот момент се случи во завршницата кога судијата Хесус Хил Манзано означи крај на натпреварот неколку секунди пред Џуд Белингам да ја затресе мрежата.

Манзано отсвири крај во моментите кога Брахим Дијаз нафрли, но само некоја секунда подоцна Белингам со глава ја погоди мрежата.

Следуваа жестоки реакции на фудбалерите на Реал Мадрид, Белигнам доби и црвен картон, но тензии имало и откако го напуштиле теренот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус удрил член на обезбедувањето во микс зоната, а нервите ги загубиле и Антонио Рудигер и Орлиен Чуамени кои искршиле дел од камерите.

Од друга страна од Реал Мадрид ќе поднесат жалба за црвениот картон и Шпанската фудбалска федерација ќе го разгледува случајот во текот на следната недела.

Контроверзната ситуација ја коментираше и Карло Анчелоти.

„Што да кажам…нема што да се коментира. Се случи нешто невидено. На сето тоа Белингам доби црвен затоа што му кажа „тоа беше еб*н гол. Воопшто не го навреди судијата. Сепак, ќе спиеме мирно и понатаму сме лидери во првенството“, изјави Анчелоти.

На табелата Реал Мадрид има 66 бода, седум повеќе од второпласираната Жирона која својот натпревар од ова коло го игра денес на гости против Мајорка, Барселона е на третата позиција со 57 освоени бодови.

ВИДЕО | Скандал на „Местаља“: Судијата свиреше крај на мечот среде гол на Реал против Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот