Викторија Бекам повторно ги прекрши сите модни правила! (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Некогаш важеше за една од најдобро облечените жени, но тоа нагло се промени во последно време. Викторија Бекам веќе со месеци е мета на критичарите и се наоѓа на листата на најлошо облечени.

Со желба да го спои неспојливото, модните парчиња кои ги носи овој период се вистински моден дебакл, велат критичарите.

Така и овој пат. Таа објави фотографија на Инстаграм на која позира во здолниште и џемпер со ист принт. Изборот на чевли паднал на чизми во кои можеме да ја видиме скоро секој ден. Иако се многу критикувани и прогласени за најнепопуларни, Викторија не се грижи за тоа.

На фотографијата се гледа дека и нејзината фризура не е беспрекорна, како што до сега и бил случајот. Таа некогаш умееше сјајно да ги изведе сите модни комбинации, но изгледа дека и на најдобрите им се случува да погрешат.

После објавата следеле лавина на коментари во кои фановите го изразиле своето разочарување во нејзиниот стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот