
Викторија Бекам откри кој период од животот ѝ бил најтежок: Речиси изгубив сè. Секој ден со плачење одев на работа
Во новата документарна серија на Нетфликс „Викторија Бекам“, познатата модна дизајнерка отворено зборуваше за теми што ја интригираат јавноста со години. Таа отворено проговори за најмрачниот период од нејзиниот живот, призна дека се бори со нарушување во исхраната и откри зошто ретко може да се види како се смее во јавност.
Препорачано
Документарецот носи некои изненадувачки детали и од нејзиниот живот со Дејвид Бекам.
Фудбалската легенда се потсети на нивните почетоци, откривајќи дека Викторија во тоа време била многу побогата од него и дека токму таа ја купила нивната прва заедничка куќа во Хартфордшир – раскошен имот наречен „Бакингемска палата“ од медиумите, кој чинел околу 2,5 милиони фунти во 1999 година.
„Кога се запознавме, таа беше многу побогата од мене. Всушност, таа ја купи нашата прва куќа во Хартфордшир, позната како Бакингемска палата“, откри Дејвид.
Пред да се посвети на модата, Викторија стекна слава како членка на глобално популарниот бенд Spice Girls, додека Дејвид во тоа време градеше кариера во фудбалот.
Двајцата набрзо станаа еден од најпознатите моќни парови во светот, но тоа не значи дека немало тешки моменти.
И покрај успехот, Викторија подоцна поминала низ тешки деловни моменти во кои нејзиниот моден бренд изгубил милиони. Искрено признава дека се срамела да побара помош од Дејвид бидејќи е горда и сакала сама да реши сè. Се присетила на период во кој изгубила речиси сè и плачела секој ден пред да оди на работа, свесна дека можеби претерала финансиски.
„Речиси изгубив сè и тоа беше мрачен, мрачен период. Плачев пред да одам на работа секој ден“, рече таа во документарецот.
Една од инвеститорите кој подоцна одлучил да ја спаси нејзината компанија, откри и некои интересни детали од бизнисот – на пример, годишните трошоци за канцелариските растенија биле неверојатни 70 илјади фунти, а дополнителни 15 илјади биле потрошени за лицето задолжено за нивно наводнување.