Викендов во Аеродром ќе се собира кабаст отпад

Контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации во Општина Аеродром од 21 до 24 септември.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на овие локации:

Булевар „Февруарсаки поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“ кај последната автобуска постојка на линијата со број 5;

Булевар АВНОЈ број 68 – 74, во непосредна близина на маркетот „М“;

Во населбата Лисиче на улица „Димитар Туриманџоски“, во близина на полициската станица.

Собирањето на кабастиот отпад е дел од масовната акција за генерално чистење на сите скопски општини организирана од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Исто така, во рамките на оваа акција ќе бидат отстранети и сите графити со навредлива содржина што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетолеранција, информира општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот