Виетнам ќе набави од руската вакцина против Ковид-19

Фото: EPA

Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за набавка на руската вакцина против Ковид-19, соопшти денеска државната телевизија.

„Виетнамското Министерство за здравство се регистрираше за руската вакцина против Ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање на своја вакцина”, објави државната телевизија.

Министерството не соопшти колку дози од вакцината нарачале или кога очекува вакцината да биде доставена. Минатиот месец, Министерството објави дека сопствена вакцина очекува до крајот на 2021 година.

Повеќето западни земји со скептицизам гледаат на руската вакцина, бидејќи таа не ја мина третата фаза на испитување, што значи масовно тестирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот