Виери ги предупредува „Азурите“: Ќе биде тешко да се победи Македонија

Итлаија и Македонија играа во квалификациите за пласман на СП 2018/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар ќе игра против Македонија, а поранешниот репрезентативец на „азурите“ Кристијан Виери предупредува дека „рисовите“ ќе бидат незгоден противник.

Победникот од дуелот Италија – Македонија во финалето од баражот ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Португалија – Италија.

– Се доведовме во голем проблем. Ќе биде тешко да се победи Македонија, а потоа Турција или Холандија и тоа на гости. Врз фудбалерите ќе има голем притисок, а тогаш е многу тешко да се игра – изјави поранешниот фудбалер на Милан, Интер, Јувентус, Лацио, Атлетико Мадрид и на италијанската репрезентација.

Виери исто така вели дека верува во своите сонародници, и со предупредувањето сака да ги подготви за тоа што ги очекува против Македонија.
– Тоа се момци кои триумфираа на Европско првенство и ја знаат тежината и вредноста на синиот дрес. Триумфот на Евро 2020 не беше главен приоритет, туку само да се одигра добар турнир и на крајот испадна најдобро. Но, сега треба да се помине баражот од два натпревари. Италија мора да игра на СП, а притисокот е се поголем и поголем. Идната година ќе го видиме карактерот на нашите репрезентативци – додава Виери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот