ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојаноска: Внесовме новитети во фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ана Стојаноска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Сметав дека на најстариот и најзначајниот театарски фестивал во Македонија “Војдан Чернодрински“ треба да му се даде нов лик и да се модернизира, порача Ана Стојаноска уметнички директор на фестивалот во интервју за „Слободен печат“.

„Прилеп живее за тој фестивал, но доколку тој фестивал не направи нешто ново, публиката ќе се замори од него. Мојата цел беше да ги вклучиме сите целни групи, да не биде само за некои сериозни, возрасни граѓани кои ќе одат во театар, туку малку да биде и за сите. Публиката мора да се создаде и на тој начин тргнавме од детските програми“ посочи Стојаноска.

Таа откри и какви новитети вовела таа како уметнички директор со цел поголема промоција на фестивалот.

„Минатата година воведовме за првпат едукативни работилници за деца, што ги работиме во координација со театарот во Прилеп и со две средни и две основни училишта, кои работат девет месеци во Прилеп и секој месец имаат различна тема, потоа на фестивалот секое училиште се претставуваше со своја претстава. Воведовме и друг новитет а тоа е „автор во фокус“ минатата година беше Коле Чашуле а оваа година е Горан Стефановски. Трет новинет е видео програмата. Сфатив дека фестивалот не може да биде жив само седум дена во јуни, туку треба да биде жив цела година“ посочи Стојаноска.

Целиот разговор можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот