ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Биљали: ВМРО-ДПМНЕ направи круцијална грешка што не ги поддржа уставните измени

Мерсел Биљали/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ВМРО-ДПМНЕ направи круцијална грешка што не се согласи за уставни измени, порача во Студио на „Слободен печат“ политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

Според него кој и да дојде на власт по парламентарните избори, ќе има обврска да ги реши зададените задачи од страна на ЕУ.

„Еве да претпоставиме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Првите 4-5 дена ќе се слави, но потоа треба да се седне да се работи. По година дена од мандатот ако немате сериозен напредок во евроинтеграциите, тој меур што се дуе со години, ќе ви пукне од внатре“, посочи Биљали.

Биљали истакна дека односот на Бугарија не е оправдување за нашето општество за да ги дискриминира припадниците на бугарската заедница во Македонија.

„Немаме право да ги дискриминираме тие луѓе од бугарската заедница, без разлика колку и да се и да се три или четири илјади. Тие се наши граѓани, зошто да бидат дискриминирани заради инает кон друга држава“ рече Биљали.

Целото интервју со Мерсел Биљали погледнете го продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот