ВИДЕОАНКЕТА: За кого ќе гласаат чаирчани – за Бујар Османи или за Изет Меџити? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: За кого ќе гласаат чаирчани – за Бујар Османи или за Изет Меџити?

Една недела до локалните избори. „Слободен печат“ излезе на терен во Чаир за да ги праша жителите за кого би гласале и какви се нивните очекувања од идниот градоначалник.

Анкетата е спроведена на албански јазик, а видеото се емитува со превод на македонски јазик.

Анкетата ја започнавме со прашањето:
– Бујар Османи или Изет Меџити?

На многумина Бујар Османи им изгледа како свеж кандидат, доктор, интелектуалец, кој исто така живее во општината Чаир.

Еден господин смета дека Изет Меџити за 23 години не направил ништо значајно.

– Бидејќи ниеден кандидат не ги исполнува работите што јас ги очекувам од еден градоначалник – вели еден незадоволен господин кој нема намера да гласа.

Други сметаат дека е тешко да се знае без да се проба, особено ако кандидатот никогаш не бил градоначалник.

Неколкумина не беа сигурни или не беа подготвени да одговорат.

Еден господин додаде дека Меџити добро си ја вршел работата и ќе продолжи уште подобро. Со него се сложи и една девојка.

Другите мислења беа дека во трката за иден градоначалник требало да се вклучат млади луѓе, кои ќе донесат нови идеи и промени, бидејќи сегашните кандидати не ги исполнуваат нивните очекувања.

На прашањето: Што треба да се промени во општината Чаир, речиси сите изразија загриженост за инфраструктурата, чистотата, парковите и за општинските услуги.

– Потребен е целосен рестарт на системот, нови луѓе со идеи и визија. Легализациите од минатото го ограничиле развојот, па дури и узурпираните тротоари им беа дадени во сопственост.

Добивме и мислење за приоритетите што треба да ги има еден градоначалник.

– Подобрување на образованието и условите за младите и за пензионерите – вели една девојка.

Иако има скептицизам околу резултатите, луѓето сметаат дека изборите треба да бидат мирни и транспарентни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот