ВИДЕО | Зошто треба да ставите паричка во замрзнувачот пред да тргнете на пат

Фото: Profimedia

Кога се подготвувате за вашето следно патување, не заборавајте да ставите паричка во замрзнувачот. Звучи чудно? Веруваме, но причината е многу важна.

Имено, паричката ќе ве даде до знаење ако во вашиот дом снемало електрична енергија на подолго време и следствено – дали храната се расипала. Добар трик, нели? Еве како дејствува.

Трикот на социјалната мрежа го споделила Емералд Аутлоу, мајка која на тој профил споделува различни идеи. А оваа идеја вклучува чаша замрзната вода, во која на врвот треба да ставите паричка, а потоа да ја оставите во замрзнувач.

 

@emerald_outlaw Travel Hack ✈️ How to know if your power went out and your food is spoiled 🤯 #travelhack #travelwithkids #traveltipsandtricks #poweroutage ♬ The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] – Hoàng Read

Во случај да снема електрична енергија додека сте на пат, содржината на замрзнувачот, исто како и замрзнатата вода, ќе почне да се топи и на тој начин паричката ќе потоне.

Кога ќе се вклучи струјата, водата и храната повторно ќе почнат да се замрзнуваат, но паричката ќе биде подлабоко во чашата. А нејзината конечна длабочина ќе ви покаже приближно колку време немало електрична енергија, а со тоа и колку вашата храна била изложена на повисоки температури.

Тоа, секако е важно, бидејќи ако долго време немало електрична енергија, тоа значи подолга изложеност на храната на повисоки температури и нејзино побрзо расипување. Ако вашиот замрзнувач е полн, а снема струја, храната може да издржи дури два дена, а ако е полн половина, храната ќе почне да се расипува за еден ден.

Храната која е на температура повисока од пропишаната повеќе од два часа и не ја користите, треба да се фрли, а особено треба да се биде претпазлив околу месото.

Сега овој трик и не звучи толку необично, нели?

Идеално би било, кога ќе се вратите од пат, паричката да ја најдете токму онаму каде што сте ја оставиле, но ако малку потонала, задолжително проверете ја содржината на замрзнувачот, но и остатокот од фрижидерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот