ВИДЕО: „Во Белград подобар огномет од Дубаи“: Туристите од регионот воодушевени од дочекот во Србија

Огномет во Белград, Фото: Profimedia

Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава.

Горан Бреговиќ со членовите на поранешната група Бело дугмe имаше концерт во Белград на вода, а програмата беше „зачинета“ со досега невиден огномет на овие простори.

Воодушевувањето од огнометот не го криеја ниту во Хрватска. За дочекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Офномет подобар од Дубаи, најдобар досега“.

Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан.

Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот