ВИДЕО | Вил Смит за првпат се огласи откако Џејда откри дека се разделени 7 години

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Неодамна Џејда Пинкет Смит (52) откри дека таа и сопругот Вил Смит (55) се разделени во последните седум години, но во тајност, истакнувајќи дека сè уште се обидуваат да откријат како треба да изгледа иднината на нивниот брак.

Сега актерот реши да го прекине молкот за деталите кои ги изнесе неговата отуѓена сопруга Џејда Пинкет Смит за нивниот 25-годишен брак, пишува „Дејли мејл“.

Ѕвездата на „Man in Black“ испрати мејл за „Њујорк тајмс“ во кој вели дека откритијата „некако го разбудиле“, додавајќи дека Џејда била „поотпорна, попаметна и посочувствителна од него“.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило. И лесно можете да ја изгубите чувствителноста на нивните скриени нијанси и суптилни убавини“, напишал Смит, според написот на „Њујорк тајмс“.

Во меѓувреме Вил уживаше во патувањето на море, а своето доживување го пренесе преку видео на својот инстаграм-профил.

Актерот беше виден како спие во кабината на бродот, каде вели: „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде“, а во позадината се слуша звукот на повеќекратни известувања од телефонот кои се слушаат истовремено.

Во видеото, Смит беше облечен во голема црна јакна со црни спортски панталони и бело-кафени патики.

Инаку, холивудска двојка се венча во 1997 година и има две деца, а во минатото зборуваше за разделбата и брачните проблеми, но Џејда во последното интервју за Хода Котб ги откри деталите дека парот во суштина се развел без документи.

Во продолжение погледнете го видеото на Вил Смит:

Уште една бизарност: Џејда Пинкет Смит им давала психоделични дроги на децата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот