ВИДЕО | Вака зготвена е, сепак, најдобра: Боранија со павлака во рерна

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Јелена Јела Петровиќ

Боранијата можеби не спаѓа меѓу омилените јадења, особено меѓу децата, но е исклучително здрава и вкусна. Обидете се да ја приготвите на овој начин и сигурно членовите на вашето семејство ќе бараат почесто да го правите овој рецепт.

Боранијата со павлака од рерна е вистинско јадење и за викенд, и за „обичен“ ден во неделата.

Здраво и вкусно, а нема да ви биде потребно многу време за приготвување.

Состојки:

– 1/2 кг боранија, или по избор
– 2 мали компири
– 2 моркови
– 1 главица кромид
– 4 чешниња лук
– 1/2 лажичка мелена црвена пиперка
– зачини, сол
– 200 г кисела павлака
– 2-3 јајца
– 1 домат исечкан на коцки
– магдонос

Подготовка:

На масло пропржете го ситно сечканиот кромид, додадете ги морковите исечени на кругови, па динстајте и додадете ја исчистената боранија. Додадете малку вода па динстајте околу 20 минути.

Тргнете од оган, додадете црвен пипер, зачини, сечкан лук, сечкан магдонос и домати исечкани на коцки.

Изматете ги јајцата малку со вилушка, па додадете ја павлаката.

Додадете ја и боранијата, промешајте и по желба одозгора можете да додадете рендан кашкавал. Печете на 220-230 степени околу 30-40 минути додека убаво не порумени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот