ВИДЕО | Уште едно супер четвртфинале во ЛШ: Барселона во натпревар со два пресврти се радуваше во Париз

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

По вчерашните два одлични натпревари во Лигата на шампионите, вечерва гледавме уште еден дуел достоен за четвртфиналната елита. Барселона во првиот натпревар од двомечот со Пари Сен Жермен славеше со 2:3.

Kaталонскиот гигант поведе со голот на Рафиња во првото полувреме и со тој гол гостите заминаа на пауза. ПСЖ во второто полувреме се врати со голот на екс-фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Веќе три минути подоцна Витиња се погрижи за целосен пресврт.

Сепак, пресвртот на ПСЖ не ја откажа Барселона која се врати резултатски со вториот гол на Рафиња во 62. минута. Голот за победа беше дело на Данецот Кристенсен во 77. минута, само две минути откако влезе во игра.

Во вториот натпревар кој се играше вечерва Атлетико Мадрид на свој терен ја доби Борусија со 2:1 и со предност ќе патува на реваншот во Германија. Домашниот тим поведе со голот на Родриго Де Пол по само пет минут иигра. Лион во 30-тата минута се погрижи за 2:0, додека во вториот дел гостите постигнаа гол преку Халер кој може да биде од големо значење во реваншот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот