ВИДЕО: Унгарија со автогол во 97 минута до бод и пласман на Европското првенство 2024

Момент од натпреварот Бугарија - Унгарија во Софија/фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Фудбалската репрезентација на Унгарија е новиот учесник на следното Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Германија. Унгарците во Софија одиграа реми 2:2 против селекцијата на Бугарија во рамките од квалификациската група „Ц“.

Водеа гостите со голот на Адам во 10 минута, потоа израмнија Бугарите преку Делево 24 минута, а домаќините од 36 минута останаа без еден фудбалер поради вториот жолт картон на Антов.

И во редовите на унгарската репрезентација имаше исклучен фудбалер откако во 57 минута втор жолт картон доби Керкез.

Во 78 минута Бугарија дојде во позитива со погодокот на Десподов од пенал, а во самиот финиш од мечот во 97 минута Унгарија го избегна поразот по автоголот на Петков.

Инаку Унгарија го обезбеди својот петти настап на континенталните собири, за првпат беше дел од ЕП во 1964 кога заврши на третото место, на ЕП 1972 беше четвртопласирана, потоа следуваше долга пауза до ЕП 2016 кога настапот го заврши во осминафинале, а на последното Евро 2020 беше елиминирана во групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот