ВИДЕО | Тони Михајловски: Се скарав со син ми пред приемниот испит, па го примија на ФДУ

Фото: Промо

Тони Михајловски е горд на својот син, актерот Александар Михајловски за кој вели дека успешно го гради својот професионален пат.

Во новогодишната „Еден на Еден“ која ќе се емитува в недела од 19 часот на Канал 5, Тони сподели многу интересни приказни од својот живот. Една од нив е токму за Александар.

– Кога соопшти дека сака биде актер, му реков дека може, но јас да го подготвувам за приемниот испит на Факултетот за драмски уметности. Додека го преслушував, почнавме да се караме. Беше лут и со таа лутина одлично го кажа монологот. Јас му реков дека ако вака изигра и на приемниот, сигурно дека ќе го примат. Никогаш не фаќав врски за него. И го примија“, раскажа Тони.

Познатиот актер, кој последниве години интензивно снима серии во Србија ќе гостува и во Божиќната епизода на „Еден на Еден“ следната недела, кога ќе се емитува вториот дел од разговорот.

Во продолжение, погледнете видео кое подобро најавува каква забава нѐ очекува в недела на Канал 5.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот