ВИДЕО: Тензии на северот на Косово – камиони ги блокираат патиштата, сирени за узбуна во Митровица

Фото: Нова.рс/приватна архива

Сирени за узбуна се слушнаа попладнево во северниот дел на Митровица, населен претежно со Срби, јавуваат локалните медиуми, кои додаваат дека повеќе патишта во регионот се блокирани од паркирани камиони.

Според Нова.рс, граѓани почнале да се собираат во центарот на Северна Митровица, каде што се поставува барикади. Србите во Косово се незадоволни од воведувањето на „мерките за реципроцитет“, чијашто примена треба да започне на полноќ, а кои вклучуваат непризнавање на српските лични карти и регистарски таблички на премините.

Според новите правила, на кои остро реагираше официјален Белград, на граѓаните со српски документи ќе им се дава посебен влезно-излезен документ, а утре ќе почне пререгистрацијата на возилата на српски регистерски таблички со косовски.

Околу 18 часот локалните Срби го блокираа и патот кон Лепосавиќ, а тензии се очекуваат и вечерва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот