
ВИДЕО | „Светот отиде по ѓаволите“: Дру Баримор ги тераше колегите да ѝ ги помирисаат стапала
Холивудската актерка Дру Баримор повторно успеа да ги изненади, а многумина би рекле и шокира, гледачите на нејзиното шоу. За време на најновата епизода на емисијата „Шоуто на Дру Баримор“, 50-годишната актерка изведе прилично необичен потег среде разговор – ги собу обувките и чорапите за да, како што самата рече, „ја тестира својата теорија“ за мирисот на нејзините стапала.
Препорачано
Дру со своите колеги, Рос Метјус и Сани Андерсон, разговараше за негата на стапалата. Во еден момент истакна дека нејзините стапала воопшто немаат непријатен мирис, а за да го докаже тоа, ги крена босите стапала и им понуди да ги помирисаат.
Сани Андерсон се присети на минатогодишната ситуација и рече дека веќе имала прилика да ги помириса стапалата на познатата актерка, па тогаш изјавила дека мирисаат „божествено“. Рос Метјус се согласи со колешката
Но, коментарите на социјалните мрежи само се нижеа за овој бизарен момент.
„Што се случува со луѓето“; „Светот отиде по ѓаволите“; „Она кога немаш нормални теми за разговор“, беа само некои од коментарите.
Интересната дискусија потоа се прошири и на публиката во студиото, па водителите спроведоа мини-анкета за тоа колку често луѓето ги мијат стапалата. Резултатите покажаа дека дури 87 отсто од публиката ги мијат стапалата секојдневно, 10 отсто еднаш неделно, еден отсто еднаш месечно, додека два отсто признале дека не ги мијат никогаш.