ВИДЕО: Сутјеска ја прекина победничката серија на МЗТ Скопје

николов сутјеска мзт
Кристијан Николов лани ги бранеше боите на МЗТ Скопје Аеродром/Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Серија на МЗТ Скопје Аеродром од пет победи по ред во АБА2-лигата беше прекината на денешната пресметка на стартот од турнирот во Бања Лука, откако во драматичен и до крај неизвесен меч загуби од Сутјеска со 55:56.

Црногорскиот претставник подобро се снајде во последните 30 секунди, во кои „сино-белите“ влегоа со предност од 55:51, но не ги спречија петте поени по ред со шутеви од тешки позиции на Јован Војиновиќ, помеѓу кои „металците“ не реализираа две слободни фрлања.

Претходно македонската екипа имаше и предност од шест поени (53:47), но тоа не беше доволно за да се радува шести пат по ред во регионалното натпреварување.

Тоа беше еден тврд натпревар, со неколку пресврти во кој пресудни беа поголемиот број загубени топки (21-11) и 10 нереализирани обиди за еден поени (13/23), поради што не беше капитализирана огромната доминација во скокот (46-29).

Немања Милошевиќ со 15 поени и осум скока беше најпрецизен во аеродромскиот состав, додека двоцифрен беше и Адем Мекиќ со 11 поени.

И покрај денешниот исход, МЗТ останува втор на табелата со скор 6-2, пред следната пресметка в среда против српската Војводина (21 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот