ВИДЕО | Стевановиќ од НАкС: Со Колективниот договор се зголемуваат платите се унапредуваат правата на вработените во високо образование

Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10 проценти повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) исто така се приклучи кон колективниот договор.

Од МОН посочуваат дека со вклучувањето на НАкС во колективниот договор за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговарале за своите права со Министерството, без посредство на раководните структури на државните универзитети.

Според Министерството, со новиот Колективен договор е направен чекор во позитивна насока, да се реализираат барањата од првите две години на петгодишниот предлог план и се очекува унапредувања на правата на сите вработени и реализирање на зацртаните барања во целост и дека со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на здравствената криза со пандемијата.

Според проф. Маја Стевановиќ од НАкС со овој договор на системски начин се уредуваат не само платите, туку и сите права од работен однос за вработените во високото образование и науката прв пат после 30 години.

Прв пат во оваа држава вработените во високото образование и науката знаат и се сигурни колку им изнесува платата во делот на средствата кои им ги исплаќа МОН. Ние увидовме и колку дел од вработените биле оштететени во сиве овие години, благодарение на тоа што платите не биле ставени на хартија, односно групи на вработени примале плати многу пониски од она што за нив го исплаќал МОН. Високото образование и науката беше единственито сектор во државава во која што голем дел од вработените, оние кои што работат во стручните и админситративните, техничките служби до сега од страна на МОН не беа плаќани согласно сложеноста и одговорноста на нивните работни места, туку беа плаќани согласно степенот на образование, вели Стевановиќ.

Во секој случај работите сега се ставени во систем, тој систем ќе можепонатаму само да се надоградува. Повторувам, ова е прв колективен договор после 30 години и не можам да си објаснам како било возможно тоа до сега да не се направи, кому одело во прилог, но ете за среќа успеавме, изјави во Утрински брифинг проф. Стевановиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот