ВИДЕО: Стадионот во Тирана на кој ќе се игра финалето меѓу Рома и Феенорд

Рома и Феенорд во Тирана за титулата во Лигата на конференции/Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Рома и Феенорд вечерва од 21.00 часот во Тирана, Албанија, ќе го играат финалето од првата сезона во Лигата на конференции. Играчите на Жозе Мурињо го исфрлија Лестер во полуфиналето, додека Холанѓаните беа подобри од Марсеј. Рома ќе ја брка првата европска титула од 1961 година, додека Феенорд својот последен европски трофеј го освои во 2002 година, кога ја победи Борусија во финалето на тогашниот Куп на УЕФА.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Ер Албанија“, кој поради правилата на УЕФА не смее да го носи спонзорското име, па за потребите на денешниот натпревар ќе се вика Национална Арена. Станува збор за прекрасен стадион за 22.500 гледачи, кој беше отворен во 2019 година, а на него покрај албанската репрезентација настапуваат и два клуба од Тирана – Динамо и Партизани.

Од 2010 година, албанската влада и тамошната фудбалска федерација работат заедно на договор за изградба на нов стадион.

Поминаа три и пол години од почетокот на планирањето до првиот натпревар во ноември 2019 година на новиот стадион. Буџетот на проектот првично беше 50 милиони евра, но трошоците се зголемија, па стадионот на крајот чинеше 85 милиони евра, од кои околу 10 милиони евра плати УЕФА преку програмата „Хеттрик“.

Исклучително модерен дизајн на стадионот „Ер Албанија“, кога се гледа од воздух, потсетува на обликот на територијата на Албанија. Во изградбата доминира 112-метарска кула сместена во еден од аглите на стадионот, каде што е хотелот Тирана Мериот има 80 соби. Стадионот опфаќа и деловни простории покриени со табли во боите на албанското знаме и сите други придружни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот