ВИДЕО: Спасовски ги посети повредените полицајци од синоќешниот протест

Министерот Оливер Спасовски ги посети повредените полицајци од протестот пред Собранието/ Фото МВР

Утрово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, како и заменик-директорот на БЈБ Ариф Асани, на Клиниката за неврохирургија ги посети полицајците кои беа повредени во вчерашниот јавен собир пред Собранието на РСМ.

По посетата министерот Спасовски во изјава за медиумите изрази длабока загриженост што на вчерашните протести се повредени вкупно 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди и информираше дека благодарение на здравствените работници, на сите повредени полициски службеници брзо им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

„Синоќа бевме сведоци на еден мрачен настан, кој од јавен собир како неприкосновено демократско право се претвори во вандализам, јавен собир организиран од опозициските партии, на којшто беа брутално нападнати храбри припадници на полицијата, беше посегнато по нивните животии додека си ја вршеа својата професионална должност пред Владата, МНР и пред Собранието. Затоа најостро го осудувам насилството врз полициските службеници, а во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на безбедноста на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување на сите повредени колеги”, потенцираше министерот Спасовски.

„За време на вчерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на РСМ. Покрај ова, демонстрантите скршија 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетенa е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило. Тоа не е протест, а никако демонстрирање патриотизам. Тоа е вандализам и одработување за дневно-политичка агенда. Класично насилство врз сопствената држава и нејзините институции”, истакна Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот