ВИДЕО: Шкотска ја урна Шпанија во Глазгов, Ковачиќ е херојот на Хрватска во Бурса

фото: EPA-EFE/Robert Perry

Шкотска ја забележа и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, овојпат на домашен терен во Глазгов изненадувачки ја совлада Шпанија со 2:0.

Играчот на Манчестер јунајтед, МекТоминеј беше двоен стрелец со головите во седмата и 51 минута на „Хемпден Парк“ стадионото пред скоро 48.000 гледачи.

Хрватската репрезентација после домашното реми во првото коло со Велс, на гостувањето во Бурса славеше над турската селекција (0:2).

Победата за „коцкестите“ ја донесе фудбалерот на Челси Ковачиќ кој двапати се запиша во листата на стрелците (20`, 45+4`), а две асистенции имаше Пашалиќ.

Квалификации ЕП 2024

Вторник, резултати –

Грузија – Норвешка 1:1
Косово – Андора 1:1
Романија – Белорусија 2:1
Шкотска – Шпанија 2:0
Швајцарија – Израел 3:0
Турција – Хрватска 0:2
Велс – Летонија 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот