ВИДЕО: Се забели Ниш среде лето, падна град со големина на лешник

Фото: YouTube/Screenshot

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати Ниш во попладневните часови. Граѓаните јавуваат дека паднал град со големина на лешник.

Поради обилниот дожд улиците во општина Палилуа се поплавени, а според мештаните од големите бари на улиците невозможно е да се пријде до некои куќи.

Во зградата во која се одржува музичкиот фестивал Нишвил се поплавени подрумските простории, јави Танјуг.

Републичкиот хидрометеоролошки завод за денеска најави силно невреме со обилен дожд, грмежи и локална појава на град и силен ветер во Топличкиот, Јабланичкиот, Пиротскиот и Нишкиот округ.

Според српските метеоролози дожд се очекува и во Рашкиот округ во околина на Краљево.

Во Србија на сила е предупредување дека од петок до понеделник во земјата времето ќе биде променливо облачно со честа појава на врнежи, пороен дожд и грмежи.

Понесете си чадор со себе: Од утре врнежи и пад на температурите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот