ВИДЕО | Сцена како пред две децении: Шевченко го матираше Буфон од пенал

Фото: Screenshot

Андреј Шевченко и Џанлуиџи Буфон оставија длабока трага во историјата на фудбалот, а сега овие две големи имиња повторно беа на спротивна страна.

Двајцата се веќе во пензија, Буфон од неодамна, Шевченко веќе неколку години. Сега заиграа на ревијален натпревар во Словенија организиран од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Натпреварот имаше хуманитарен карактер да се соберат средства за помош на Словенија која во август се соочи со големи поплави.

Шевченко и Буфон играа во различни екипи, а имаа и соочување кое потсети на едни други времиња. Украинецот мајсторски од пенал успеа да го надмудри својот некогашен голем ривал.

 

На големата сцена Буфон и Шевченко имаа големо ривалство како членови на Јувентус и Милан. Оваа ситуација потсети на решавачкиот пенал пред две децении кога напаѓачот го матираше Буфон од белата точка во финалето од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот