ВИДЕО | Роналдо збесна во поразот на Ал Наср: Сакаше да го удри судијата со тупаница

Фото: Screenshot

Tимот на Ал Наср беше поразен од Ал Хилал со 1:2 во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија, а овој натпревар беше обележан со црвениот картон кој го заработи Кристијано Роналдо.

Португалецот беше исклучен во 86. минута откако предизвика уште еден во низата скандали откако се пресели во Саудиска Арабија. Незадоволен од резултатот Роналдо ги загуби нервите и влезе во физички дуел со еден противнички фудбалер.

Во тие моменти Роналдо двапати го удри со лакт во градите по што фудбалерот на Ал Хилал падна на земја.

Тука не заврши беснеењето на Роналдо бидејќи ја крена раката со тупаница кон главниот судија, но во последен момент се воздржа да не направи голем скандал. Исто така додека излегуваше од теренот иронично ја повикуваше публиката да му аплаудира на судијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот