ВИДЕО: Роналдо од пенал за нова победа на Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо е повторно херојот на „црвените ѓаволи“/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска како гости го совладаа составот на Норич со 0:1, во рамките од 17. коло во англиската Премиер лига.

Триумфот на „црвените ѓаволи“, вкупно осми сезонава (трет по ред) го обезбеди Кристијано Роналдо со гол од пенал во 75 минута. За Португалецот ова е седми погодок за Јунајтед од 13 настапи.

Моментно на табелата составот на Ралф Рангник е на петтата позиција со 27 бодови, колку што има и четвртопласираниот Вест Хем.

Норич останува на дното со 10 бодови, колку што имаат и екипите на Барнли и Њукасл во опасната зона за испаѓање од лигата.

Во следното коло Јунајтед ќе му гостува на Брентфорд, а Норич е домаќин на Астон Вила.

ВИДЕО: Ливерпул и Челси го следат Сити, Арсенал без проблеми со Саутемптон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот