ВИДЕО | Ристовски: Не постои посебен мотив од натпревар против европскиот шампион

Еден од столбовите во одбраната на македонската А репрезентација, Стефан Ристовски/Фото: Игор Паневски

Македонската А репрезентација в четврток од 20.45 часот во Палермо ќе го игра полуфиналето од баражот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Стефан Ристовски, еден од одбранбените репрезентавци на Македонија има искуство играјќи во Италија за Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина, а моментно ги брани боите на Динамо Загреб.

– Горд што сум тука, што сум дел од оваа генерација, како предводник и капитен. Се чувствувам исполнето и ете дојде и тој ден Македонија да игра бараж на едно големо натпреварување како што е Светското првенство. Посебен мотив од ова не постои, да играш против европскиот шампион.

Се надевам дека ќе влеземе во мечот со ладни глави, нема што да се загуби, мислам дека секој играч од мали нозе сонува за вакви натпревари пред полни стадиони да играш за својата земја за пласман на едно големо натпреварување – вели Ристовски.

Еден од најискусните во нашата селекција досега има вкупно 74 настапи и два голови.

ФОТО: Македонските фудбалери го имаа официјалниот тренинг на „Ренцо Барбера“ во Палермо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот